Свет

ВИДЕО Драма во Италија, се запали мотор на авионот на Рајанер, патниците евакуирани

ВИДЕО Драма во Италија, се запали мотор на авионот на Рајанер, патниците евакуирани

Патниците се евакуирани од авионот на Рајанер чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија.

Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на Рајанер со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.

Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни