Центарот за управување со кризи информира дека вистинска драма се случувала денеска во село Бекирлија.
„Истовремено додека низ државата беснеат многубројни пожари се одвиваше напната спасувачка потрага и мисија, покрај реката Брегалница, југозападно од овчеполскиот врв Богословец, во атарот на селото на Атиџе од Медена Земја, с. Бекирлија, најпрво во животнозагрозувачка состојба беше пронајдено а потоа и спасено 35 годишно исчезнато лице од с. Дурфулија, општина Лозово кое на носилки беше пренесено преку реката Брегалница а потоа качено во хеликоптер и пренесено до Државната болница во Скопје“, велат од таму.
Повеќе информации во видео изјавата на Ангелов и градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски…