Голем пожар го зафати подрачјето на Јажинце, ставајќи под закана домови и имоти на локалното население. Сите противпожарни екипи од Тетово, заедно со две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување, веќе се на терен и водат жестока борба со огнената стихија.
Кон жариштето се упатени и авион „Ер Трактор“ и хеликоптер на МВР, кои од воздух ќе ја поддржат акцијата за гаснење.
Властите испраќаат итен апел до граѓаните да ја избегнуваат областа и да ги ослободат патиштата, за службите за итна интервенција да можат непречено да делуваат. Ситуацијата е крајно сериозна, а напорите за совладување на пожарот продолжуваат.