Македонија

ВИДЕО: Екипите на ЕВН влегоа во Арачиново, кабли за струја на сите страни

ВИДЕО: Екипите на ЕВН влегоа во Арачиново, кабли за струја на сите страни

Како што беше договорено, екипите на ЕВН денеска добија пристап до инсталациите во скопско Арачиново. Локалното население не правело никакви проблеми.

Според ТВ21, локалното население денеска не правело никакви проблеми. Екипите на ЕВН кои влегоа во Арачиново, насекаде низ селото затекоа кабли за струја и други докази за кражби. Според пресметките на компанијата, во селото годишно се краде струја вредна шест милиони евра.

Според договорот, кој беше постигнат со посредство на министерот за економија Крешник Бектеши, струјомерите во Арачиново отсега ќе се поставуваат надвор, пред куќите, за подобра евиденција и контрола на користењето на електричната енергија од страна на надлежните. Процесот на преселба на струјомерите ќе трае една година.

Најчести причини за прекинот со снабдување со електрична енергија на жителите на Арачиново се дивите приклучоци. Кражбите на струја, освен што ја оптоваруваат мрежата, предизвикуваат и чести големи дефекти, за кои потоа е потребно многу време за да се санираат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни