При гаснењето на големиот пожар на депонијата кај Визбегово, ситуацијата дополнително се комплицира поради низа експлозии кои се случуваат на теренот. Според информации на 4NEWS.mk, на депонијата има стари автомобили од кои дел се со вградени плински боци, па одвреме-навреме се слушаат силни пукотници и експлозии.
Во акцијата за гаснење се вклучени еден ер трактор и два полициски хеликоптери, додека поради недостапниот терен ангажирани се и булдожери за расчистување на патот. Пожарникарските екипи се приклучија откако беше овозможен пристап, но за жал, во текот на интервенцијата еден пожарникар е повреден и итно пренесен на медицински третман.
Поради опасноста од ширење на пожарот и поради честите експлозии, дел од населението во околината на депонијата е евакуирано од безбедносни причини.
Интервенцијата продолжува со цел да се стави под контрола пожарот и да се спречи дополнително загрозување на жителите и имотот.