Македонија

ВИДЕО Еве како изгледа македонската амбасада во Киев по ракетниот напад

ВИДЕО Еве како изгледа македонската амбасада во Киев по ракетниот напад

Министерството за надворешни работи информираше дека денеска, при ракетниот напад во Киев, била погодена и важна инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучувајќи ја зградата која ги сместува шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија.

Според соопштението, при нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на амбасадата. Надлежните служби веднаш извршиле првичен преглед на штетите на терен и започнале со санирање на нанесената штета.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни