Македонија

ВИДЕО: Филип Петровски преку ВМРО-ДПМНЕ сака да биде претседател

„Македонија Блокира“ вечерва поднесе кандидатура во ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател на Филип Петровски за претстојните претседателски избори, јавува репортерот на ТВ21.

Петровски вели дека ВМРО-ДПМНЕ и „Македонија Блокира“ треба да обединат, а со тоа верува дека би имале сигурна победа на изборите.

„Ги прифатил со големо задоволство предлогот и поканата на „Македонија Блокира“ да бидат кандидат на сите овие организации. Ние се боревме без компромис секојдневно на сите можи места да ја сочуваме и браниме Македонија. Сега како долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ сметам дека ова е најдобриот пат да се подесе кандидатурата до конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и да побараме јавно од нив да се обединат и здружат. ВМРО-ДПМНЕ и „Македонија Блокира“ на тој налин тврдам дека со сигурност ќе победиме на претседателските избори и ќе отпочнеме пат за делегитимирање на насилно наседнатата власт која што загуби на последните парламентарни избори“, изјави за ТВ21, Филип Петровски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни