Македонија

ВИДЕО/ФОТО Голема акција во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника

ВИДЕО/ФОТО Голема акција во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника

Денеска (21.12.2024) во периодот од 09.30 до 14.20 часот полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претреси во дом и други простории кај Б.А.(40) во с. Селце, тетовско, како и во дом и други простории кај М.Д. (43) од с. Селце и продавница, како и во три импровизирани тезги во Тетово сопственост на С.М.(35) и М.А.(54) двајцата од Тетово и Ј.Н.(56) од с.Буковиќ, скопско.

При претресите се пронајдени 75889 парчиња пиротехнички средства и 346 килограми тутун.

Лицата се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни