Македонија

ВИДЕО Голем пожар попладнево кај Струмица

ВИДЕО Голем пожар попладнево кај Струмица

Попладнево неколку медиуми јавуваат за голем пожар кај Струмица во реонот меѓу Софилари, Градски гробишта, Баница. Тие велат дека гори на три страни и дека ветерот го разгорува пожарот.

Инаку, градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов со реакцијата на социјалните мрежи ја потрвди оваа информација и соопштио дека сите капацитети на ТППЕ Струмица се на терен.

„Овие луѓе до последна капка крв и пот даваат се од себе, да одговорат на над 10 свесно запалени земјодлески површини во еден ден. Во денови на жалост,жалиме сите и пожарникарите и инспекторите и сите ние како граѓани, зарем е ова човечки, што уште треба да дадат овие наши пожарникари и инспектори?“, реагираше Костадинов.

Костадинов апелира инспекторатот за земјоделство да соработува и да излезе веднаш на терен.


Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни