Пристигна голема промена на времето.
Денеска за шест морски региони – западниот брег на Истра, Кварнер и Кварнериќ, каналот Велебит, северна Далмација, централна Далмација и јужна Далмација – издадено е портокалово метео предупредување поради силниот ветер.
Жолтото предупредување важи за остатокот од Хрватска. Во регионот Госпиќ издадени се предупредувања поради ветер, дожд, снег и мраз. Во Риека, Сплит и Дубровник поради ветер и грмежи. Во Осиек и Книн поради ветерот. Во Загреб поради ветер, снег и мраз, а во Карловац поради снег и мраз.
Коловозите се влажни и на места лизгави, а снег на места паѓа во централна и северозападна Хрватска. Поради ниските температури на патиштата во внатрешноста можна е голомразица, особено на мостовите и надвозниците. Се предупредуваат возачите да ја приспособат брзината и стилот на возење на условите на патот и да не тргнуваат без пропишаната зимска опрема.