Македонија

ВИДЕО: Гори автомобил на автопатот Велес-Скопје, сообраќајот се одвива со застој

ВИДЕО: Гори автомобил на автопатот Велес-Скопје, сообраќајот се одвива со застој

На автопатот Велес-Скопје, попладнево избувнал пожар на автомобил кој се движел по правецот од Велес кон Скопје.

Според првичните информации, возилото се запалило нешто после 17 часот, во близина на придружницата на „Македонија пат“ во Велес.

На терен се упатени екипи за брза интервенција, а сообраќајот во тој дел од автопатот се одвива со застој поради безбедносните мерки.

Причините за пожарот сè уште не се познати, а нема информации за повредени лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни