Балкан

ВИДЕО: Гори спортскиот центар „Арена“ во Мостар, луѓето во паника кршат стакла за да излезат

ВИДЕО: Гори спортскиот центар „Арена“ во Мостар, луѓето во паника кршат стакла за да излезат

Нешто по 16:00 часот избувна пожар во зградата на спортскиот центар „Арена“ во Мостар, а посетителите кои случајно се нашле таму се евакуирани, објави Н1.

Како што потврдија од противпожарна служба од босанскиот град, пожарникарите сѐ уште се на терен и работат на спречување на ширење на пожарот. Тие наведуваат дека најверојатно се запалила соблекувалната, од каде пожарот почнал да се шири и во другите простории.

ТВ Јабука на својот Твитер профил сподели видео од теретаната сместена во овој центар, на која се гледа како посетителите од страв кршат прозорци.

На терен се четири противпожарни возила и брза помош.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни