Македонија

ВИДЕО: Граѓаните револтирани, дождот во Битола создаде „езера“ низ улиците!

ВИДЕО: Граѓаните револтирани, дождот во Битола создаде „езера“ низ улиците!

Силно невреме попладнево ја зафати Битола, а дел од улиците се целосно под вода.

Граѓаните пријавуваат штети, но и искажуваат револтираност поради, како што велат, затнатите шахти.

Градоначалникот Тони Коњаровски за денес во 18:00 часот свика општински кризен штаб.

„Општина Битола ќе ги стави на располагање сите расположливи ресури и сум во постојана координација и комуникација со надлежните институции се со цел санирање на последиците од интензивните врнежи на дожд“, рече Коњановски.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град имало и во Струмица, Валандово, Дојран, Богданци, Крива Паланка, Кочани и Штип.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни