Свет

ВИДЕО Хаос во Грузија, полицијата употреби водени топови и постави кордони по околните улици

ВИДЕО Хаос во Грузија, полицијата употреби водени топови и постави кордони по околните улици

Во текот на ноќта полицијата во Тбилиси ги турна демонстрантите од централната авенија Руставели, каде што се наоѓа грузискиот парламент, јавува дописникот на Интерфакс.

Во овие моменти полициски службеници апсат дел од демонстрантите.

Претходно, неколку часа демонстрантите непрекинато пукаа во полицајци со пиротехнички средства, а подигнаа и барикади пред парламентот.

Откако полицијата употреби водени топови од самата зграда на парламентот, специјалците почнаа активно да се движат кон демонстрантите, кои потоа се повлекоа.

Заменик-министерот за внатрешни работи на Грузија, Александар Дарахвелидзе, синоќа соопшти дека во текот на изминатите шест дена протести во главниот град на Грузија, Тбилиси, се приведени 293 лица, а повредени се 143 полицајци.

Дарахвелидзе прецизираше дека се поднесени кривични пријави против пет лица, пренесоа грузиските медиуми.

Тој додаде дека некои демонстранти пред парламентот на авенијата Руставели употребиле насилство врз полицијата, додавајќи дека истрагата е во тек.

Демонстрантите синоќа се собраа и пред зградата на Собранието и со употреба на пиротехнички средства и ласери ја блокираа улицата Руставели, поради што полицијата употреби водени топови и постави кордони по околните улици, додека во зградата на парламентот беа мобилизирани специјалци.

Премиерот Иракли Кобахидзе ја обвини опозицијата и нејзините поддржувачи дека „сеат нестабилност“.

Шести ден продолжија демонстрациите во неколку градови против одлуката на Кобахидзе да ги прекине преговорите за пристапување на земјата во ЕУ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни