Во Мостар во неделата вечер се случи масовна тепачка во близина на Шпанскиот плоштад, помеѓу навивачките групи „Ултрас“ и „Црвената армија“, кои важат за најжестоки приврзаници на фудбалските клубови Вележ и Зрињски од Мостар.
Во тепачката непознат број луѓе се повредени, потврдија за Бљесак.инфо од Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванската жупанија. Повредените членови на двете групи се сместени во двете болници во Мостар. И од СКБ Мостар потврдија дека примиле голем број повредени лица и дека според досегашните информации, никој не е во животна опасност. „Во 20 часот и 25 минути дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Поединци од навивачки групи наводно се судриле поради графити. Полицијата моментално ја контролира ситуацијата“, изјави за Бљесак.инфо Људевит Мариќ, портпарол на МУП на ХНЖ. Тој изјави дека на оваа локација има видеонадзор и се води истрага за што поскоро апсење на сторителите. Графитот наводно бил нацртан од припадници на Црвената армија. Инаку, конфликтот меѓу овие две навивачки групи на Мостар трае веќе подолго време и тие еден на друг ги одземаа сите клучни транспаренти, што е од големо значење во навивачкиот свет. Видеата покажуваат колкав хаос настанал во Мостар. Полицијата употреби солзавец во обид да ги смири немирите на околу 300 хулигани кои се тепаа на Шпанскиот плоштад. Камерата снимила и како еден навивач на Вележ постојано и вика на полицијата дека се „усташки кучки“ и се заканува дека ќе им ја „јаде мајката“ затоа што фрлаат солзавец во нивна насока. https://www.index.hr/vijesti/clanak/video-totalni-rat-huligana-u-mostaru-policija-objavila-kako-je-sve-pocelo/2608627.aspx?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR3WTgab593dE0K5qRA7pOkLlW6RI4Iutd0-mEKmpPxEt1PhU5ztNb6IPKg_aem_U4xUnz3v5VPls1bzkjDF6A#brid_cp_TargetVideo_29497058СЛЕДЕТЕ НЕ:
