Свет

ВИДЕО Хорор кај Венеција по автобуска несреќа – најмалку 20 загинати, десетици повредени

ВИДЕО Хорор кај Венеција по автобуска несреќа – најмалку 20 загинати, десетици повредени

Најмалку 20 лица загинаа, а десетици се повредени вечерва во автобуска несреќа во Италија. Автобус во кој имало многу луѓе вечерва околу 20 часот излетал од надвозникот Либерта во Местре и по 10 метри лет паднал на железничката пруга и се запалил.

https://twitter.com/michaelkuenne/status/1709292901501444429?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1709292901501444429%7Ctwgr%5E5840adef520462b149d0159dafc8953ffe83ac5c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpulsembed.eu%2Fp2em%2FPjMUgt-qU%2F

Според првите информации, загинале најмалку 20 лица, од кои некои се јагленисани, а четириесетина се повредени.

На терен се пожарникари и брза помош.

Автобусот е службено возило La Linea, пренесува La Stampa.

Локалната здравствена управа 3 во Венеција го активираше протоколот за „итни случаи“ кој предвидува да ги стави на располагање сите болнички соби за итни случаи и да повика засилување.

– Апокалиптична сцена. Немам зборови – изјави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруниаро.

Засега не се познати околностите за несреќата.

Поради несреќата прекината е железничката линија меѓу Местре и Венеција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни