Свет

ВИДЕО Хорор! Вакво бомбардирање немало 20 години! Сè исчезнува во пламен, објавен итен повик за евакуација!

ВИДЕО Хорор! Вакво бомбардирање немало 20 години! Сè исчезнува во пламен, објавен итен повик за евакуација!

Либанското Министерство за здравство соопшти дека во тешките израелски напади врз јужен Либан загинале најмалку 100 луѓе, а повеќе од 400 се ранети, вклучително и деца, жени и медицински работници.

Ова се најтешките воздушни напади против Хезболах од војната меѓу Израел и исламистичката милитантна група во 2006 година.

„Според прелиминарните податоци, 100 луѓе загинаа, а повеќе од 400 се ранети во израелските напади врз објекти и села на југот, вклучително и деца, жени и работници на итната служба“, се вели во соопштението на Министерството.

Израелската војска започна нови напади врз позициите на Хезболах во Либан, откако беше откриено дека проиранската група се подготвува да го нападне Израел, изјави израелски воен претставник. Тој ги повика либанските жители да се држат настрана од тие места.

Жителите на јужен Либан добиле предупредувачки повици од либански број со барање веднаш да се евакуираат на 1.000 метри од позицијата што ја користи либанската вооружена група Хезболах, јави репортер на Ројтерс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни