Свет

ВИДЕО: Инцидент во Европскиот парламент, нападнат Виктор Орбан!

ВИДЕО: Инцидент во Европскиот парламент, нападнат Виктор Орбан!

Членот на Унгарската демократска коалиција, Мартон Џекички, денеска го нападна унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на прес-конференција во Европскиот парламент.

Видео снимката која е објавена, покажува маж кој обезбедувањето го подигнува од подот, како вика на премиерот.

Орбан не е повреден при инцидентот, а обезбедувањето брзо го совлада Џекички и го совлада на подот, а потоа го изнесе од просторијата.

„За колку ја предадовте државата, премиере?“, го праша Џекички Орбан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни