Македонија

ВИДЕО Мајка на диџејот од дискотеката „Пулс“ ја стави правта од ранецот на лицето додека даваше изјава

ВИДЕО Мајка на диџејот од дискотеката „Пулс“ ја стави правта од ранецот на лицето додека даваше изјава

На денешниот протест во Кочани, мајката на еден од трагично загинатите во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“, додека даваше изјава за медиумите, симболично на своето лице стави дел од правта од изгорениот ранец на нејзиниот син, кој бил диџеј во клубот.

Со овој потресен чин таа испрати силна порака за потребата од правда за жртвите и нивните семејства.

Присутните на протестот емотивно реагираа на нејзиниот гест, кој дополнително ја истакна болката и револтот на граѓаните поради трагедијата што го потресе целиот град.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни