Синоќа, околу 00:20 часот, на улицата Бањска во Тетово била забележана мечка.
Жителите веднаш пријавиле во надлежните служби, а снимки од мечката се проширија и на социјалните мрежи.
Засега не е познато од каде дошла, ниту дали предизвикала материјална штета.
Случајот е пријавен и се преземаат мерки за нејзино безбедно отстранување од населеното место.