Македонија

ВИДЕО Мицевски со лапсус: ВМРО и СДСМ треба да одат во опозиција

ВИДЕО Мицевски со лапсус: ВМРО и СДСМ треба да одат во опозиција

На денешната седница во Собранието се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој што истакна дека разрешувањето на министрите е политичко барање на ДУИ организирано и спроведено од Артан Груби и страв на ДУИ дека опозициониот блок во албанскиот дел се окрупнува како и поради стравот од албанскиот граѓанин кој што сака да го казни ДУИ на изборите.

Мицевски посочи дека разрешувањето на министрите во суштина е страв на ДУИ дека опозициониот блок во албанскиот дел се окрупнува, и стравот од албанскиот граѓанин кој што сака да го казни ДУИ на изборите.

Сепак на крајот Мицевски направи мал лапсус и порача дека ВМРО и СДСМ треба да одат во опозиција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни