Густа магла ја покри скопската котлина, создавајќи морничава слика. Возачите се предупредуваат да возат внимателно и со прилагодена брзина.
Маглата од вчера создава проблеми и на меѓународниот аеродром. Одложени се неколку полетувања и слетувања.
ВИДЕО Авион од Лондон кружи над Скопје и не може да слета поради густа магла
Небото е покриено со густ превез од магла, што значително ја ограничува видливоста. Тоа се гледа и на видеото кое го направи утрово екипата на 4NEWS.mk
Видливоста е толку намалена што може да се изгубите доколку се шетате низ центарот на Скопје.