Македонија

ВИДЕО На патот Рашче-Сарај возило излетало со 4 лица во Вардар

ВИДЕО На патот Рашче-Сарај возило излетало со 4 лица во Вардар

Попладнево тешка сообраќајна несреќа се случила кога автомобил на патот Рашче-Сарај заврши во реката Вардар.

Според полициски извори, во автомобилот се наоѓале пет лица од семејството Арслани, од село Грчец. Станува збор за брачен пар, кои патувале со едниот син и снаата од другиот син.

Алсат дознава дека петтиот патник е петгодишно дете кое излетало пред возилото да слета во реката.

Детето го пронашле случајни минувачи и со нивна интервенција било донесено во болницата 8 септември во Скопје.

Се уште нема информации за здравствената состојба на детето.

На местото на несреќата веќе се пристигнати полиција и нуркачи, кои учествуваат во потрагата по останатите 4 лица, од кои во моментов нема трага.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни