Македонија

ВИДЕО: Неделков се скара со новинарите: Пуштате во живо порано, а потоа се сечат делови и не прават смешни!

ВИДЕО: Неделков се скара со новинарите: Пуштате во живо порано, а потоа се сечат делови и не прават смешни!

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска пред почетокот на прес
конференција се скара со еден од медиумите кои беа присутни.

На прашањето дали може веќе да започнат со прес конференцијата, новинарот
истакна дека веќе оди во живо, на што Неделков му врати „Знаеме вие, уште во
11“.

Според Неделков, додека они влегуваат и разговараат се оди во живо на
социјалните мрежи, а подоцна се сечат секвенци (делови од видеото) и ги правеле
смешни пред јавноста.

На новинарско прашање зошто смета дека се смешни, Неделков истакна дека нема
да одговори и да внимаваат како се однесуваат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни