Македонија

ВИДЕО Неубави сцени во македонската Арена: Фудбалер накратко остана без свест!

ВИДЕО Неубави сцени во македонската Арена: Фудбалер накратко остана без свест!

Дуелот помеѓу Шкендија и Јагелонија во првото полувреме не донесе голови, но беше бележен од непријатен инцидент кој ги потресе присутните на Националната арена „Тодор Проески“.

Во финишот на првиот дел, Арбин Зејнулаи за кратко изгуби свест по случајно удрен во глава од својот соиграч, Алхасан.

Несреќниот момент се случи кога Алхасан невнимателно го шутна Зејнулаи во главата, по што фудбалерот остана неподвижен на теренот. Лекарскиот тим на Шкендија веднаш реагираше, а фудбалерот се освести и беше заменет.

На негово место влезе Красниќи.

За среќа, Зејнулаи беше во стабилна состојба и не се бараше понатамошно лекување.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни