ВИДЕО Незгода на свадба во Хрватска: Младоженецот паднал во базен!

На младенците од хрватскиот град Дарувар за време на снимањето на денот на нивната венчавка им се случи слатка незгода, која стана вирален хит.

„Младоженецот паднал во базенот пред црквата, ова не било планирано“, напишале од студиото Кеко, задолжено за снимање на венчавката.

Се вчитува...

Додека позирале покрај базенот, младоженецот случајно паднал во водата, а невестата не можела да престане да се смее.

„Уште не е оженет, но веќе се удави, бегај дечко додека си слободен“, „Падна во кафеав а излезе во црн елек“, „Веќе ја гледам насмевката на невестата, сега ние Ќе доцниме на нашата забава поради тебе …“ се пошегуваа тие во коментарите.