Вистинско чудо се случило во дојранското село Николич каде беснееше голем пожар.
Имено, како што може да се види и од видеото, пожарот голтал се пред себе, но истиот застанал пред црквата „Света Петка“ која е стотици метри над селото.
Директорот на Национални шуми, Кире Михаилов вели дека на ова место никој не го гаснел пожарот, но пожарот магично застанал и црквата воопшто нема претрпено штета.
Пред црквата како што може да се види има поставено дрвени маси и клупи, а линијата на огнените јазици е токму до нив.
„Пожарот беше страшен, јас сум бил отсекогаш верник во Бога, но ова е уште причина повеќе да веруваме“, вели Михаилов.