Свет

ВИДЕО: Обилни врнежи, водата носеше автомобили низ улиците на Франција!

ВИДЕО: Обилни врнежи, водата носеше автомобили низ улиците на Франција!

Обилните врнежи вчераутро го поплавија Кан, град на француската ривиера познат по филмскиот фестивал.

Огромни порои се спуштаа по улиците, носејќи возила зад себе. За среќа, никој не беше повреден, за разлика од катастрофалните поплави во југоисточниот дел на Франција пред девет години кога загинаа 19 лица, а десетици илјади останаа без струја.

Формиран е кризен штаб

Ситуацијата се стабилизираше во текот на вчерашниот ден, а невремето продолжи да се движи кон исток, соопшти портпаролот на градското собрание.

Градоначалникот Дејвид Лиснард изјави за BFM TV дека ќе побара објаснување од другите власти бидејќи градот бил алармиран само еден час по почетокот на невремето. Тој потврди дека многу брзо е формиран кризен штаб и дека итните служби ја санирале штетата на терен, пренесува Ројтерс.

Поплавите во последните недели предизвикаа големи проблеми низ Европа. Најмалку 17 лица загинаа во Романија, Полска, Чешка и Австрија во најтешките поплави што ја погодија централна Европа во последните две децении.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни