Македонија

ВИДЕО од сообраќајката во Струмица каде возило полно со мигранти удри во бандера, а возачот избега!

ВИДЕО од сообраќајката во Струмица каде возило полно со мигранти удри во бандера, а возачот избега!

На социјалните мрежи се појави видео од несреќата во Струмица.

Имено, на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Братство Единство“ во Струмица, едно лице управувајќи патничко возило „фолксваген туарег“ со возилото удрило во семафор, по што возачот побегнал од местото на настанот.

Во моментот на несреќата во возилото се превезувале 17 лица мигранти од Сирија, од кои 6 малолетници и Н.Б.(45) од село Блаце, општина Чучер Сандево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот Н.Б. и уште едно лице мигрант, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни