Македонија

ВИДЕО Опасен тренд на ТикТок: Повреди со фатални последици, 11 средношколци завршиле со скршеници по телото и тешки повреди

ВИДЕО Опасен тренд на ТикТок: Повреди со фатални последици, 11 средношколци завршиле со скршеници по телото и тешки повреди

На социјалната мрежа ТикТок се појави нов, застрашувачки тренд кој предизвика вознемиреност кај родителите и пошироката јавност.

Веќе неколку дена, интернетот е преплавен со видеа на кои се гледа како групи ученици фрлаат свој другар високо во воздух, а потоа намерно се повлекуваат, оставајќи го да падне директно на земја.

Многу предизвици на ТикТок, иако навидум невина забава, лесно можат да доведат до опасни, ако не и фатални повреди.

@petaros5 #superman #trendingvideo #fypシ #fypシ ♬ original sound – .hamzz03

Оваа опасна „забава“ наречена „Супермен челинџ“ досега предизвикала сериозни повреди кај повеќе деца. Последниот инцидент се случил на 3 декември 2024 година, во село Зелениково, во близина на основното училиште, каде осумгодишно дете било тешко повредено учествувајќи во овој предизвик.

Според информациите, детето било итно пренесено во болница со сериозни повреди, а лекарите предупредуваат дека ваквите игри можат да имаат трајни последици врз здравјето на младите.

@tala.alostwani slomila sam zglob… @nola @ #malapalma #tiktok #fyp ♬ Watch mee – Sensei

За неполни четири дена најмалку 11 средношколци завршиле со повреди и скршеници по телото само во болницата Наум Охридски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни