Македонија

ВИДЕО: Пендаровски присуствуваше на крунисување на британскиот Kрал Чарлс Трети и Кралицата Камила

ВИДЕО: Пендаровски присуствуваше на крунисување на британскиот Kрал Чарлс Трети и Кралицата Камила

Претседателот на државата Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска присуствуваше на свечена церемонија на крунисување на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети и Кралицата Камила во Вестминстерската опатија во Лондон.

Како што соопштија од неговиот кабинет, Пендаровски со сопругата вчера присуствувале и на прием во Бакингамската палата, приреден од Кралот Чарлс Трети за странски гости – шефови на држави со кои Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска има дипломатски односи, за претставници на британските региони и прекуокеанските територии, како и за членови на кралското семејство и британската Влада.

– Претседателот и сопругата присуствуваа на настаните во Лондон како одговор на поканата упатена до шефови на држави од британската страна. Македонско-британските релации се темелат на заеднички и универзални вредности и постојано се унапредуваат уште од нашата независност. Во 2023 година Република Северна Македонија и Обединетото Кралство одбележуваат јубилеј од три децении од воспоставувањето на дипломатските односи, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни