ВИДЕО: Петгодишно момче возело Ламборџини над 300 на час

Петгодишниот Зејн Софуоглу е син на познатиот турски мотоциклист Кенан Софуоглу, а во медиумите првпат се појави кога јавноста дозна дека таткото го пушта своето дете да вози разни возила.

Малиот Зајн почнал да вози уште пред да може да оди, а во текот на своето возачко искуство седел зад воланот на суперспортски мотоцикли, бројни спортски автомобили, но и управувал четирицикли, чамци и тркачки картинг.

Ова петгодишно дете има и свој профил на Инстаграм со повеќе од 3,5 милиони следбеници. Профилот го уредуваат родителите, па неодамна објавија видео на кое петгодишното дете добива шанса да вози Ламборџини.

И не било кој. Тоа е Revuelto, наследникот на Aventador со хибриден погон кој произведува повеќе од илјада коњи.

И додека неговите врсници се забавуваат со безопасни игри, во најдобар случај симулации на конзола за игри, Зејн го доживува возењето буквално од прва рака.

Така тој имал можност да вози Ламборџини до 312 км/ч. После тоа, на ред дојде нова забава – „палење на гумите“ на скапа машина, пишува Индекс.

Со оглед на тоа дека малото момче има само пет години, неговите родители често се критикувани поради ваквите објави.

Тоа досега не ги поколеба, па може да очекуваме нови најави.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.