Пинк во централните информативни емисии прикажа видео од Сава Манојловиќ, чија изјава ја монтирал со помош на вештачка интелигенција, претставувајќи ја како „авторска“ шега на Жељко Митровиќ.
Како што пишува Цензоловка, РЕМ реагираше минатата година кога Пинк на ист начин ги монтираше снимките од опозиционерите и претседателот Вучиќ. Овој пат се уште нема реакција од регулаторот.
Претставувајќи го како „хумористична интерпретација“, ТВ Пинк неколку пати објави видео со лажна изјава на Сава Манојловиќ од движењето „Крени-промени“, направена со помош на вештачка интелигенција.
За оваа „сатирична“ снимка, според нејзиниот творец и сопственик на Пинк, Жељко Митровиќ, користено е гостувањето на Манојловиќ во емисијата Утисак неделје, додека неговиот глас и изјава се манипулирани со алатки за вештачка интелигенција (АИ).
Пинк редовно го прикажува она што нејзиниот сопственик го објавува на своите социјални мрежи во централните информативни емисии, обично три дена по ред. Ден и пол се прикажуваше лажната снимка на Сава Манојловиќ – до моментот кога Градската изборна комисија ја прогласи листата „Крени-премени“, чиј кандидат за градоначалник е Манојловиќ.
Moj autorski format “Čoveče ne ljuti se” ne predstavlja ništa drugo osim satire i samo satire, koja se oslanja na refleksiju stvarnih dogadjaja u vidjenju AI tehnologije! pic.twitter.com/5q5tD7Yjhk
— Željko Mitrović (@zeljkomitrovic) May 12, 2024
Законот за електронски медиуми го обврзува Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) да поведе постапка против радиодифузерот во случај на прекршување на законот во програма за време на изборната кампања во рок од 48 часа откако ќе дознае за спорната содржина.
Пинк ја избегна таа процедура за прикажување на лажна снимка на Манојловиќ пред Манојловиќ и формално да стане кандидат и учесник во изборниот процес.
Во случаи на прекршување на законот за телевизија надвор од кампањата, РЕМ е обврзана со закон да ја покрене истрагата во рок од најмногу осум дена откако ќе дознае за тоа, пишува Цензоловка.
Иако поминаа неколку дена од прикажувањето на лажната снимка на Манојловиќ, овој случај се уште не стигнал до Советот на РЕМ.
Регулаторот нема добиено пријава за ова фалсификувано видео, велат за Цензоловка од ова тело и додаваат дека Службата за надзор „по службена должност“ ќе изврши анализа на програмата на Пинк „и доколку утврди постоење на прекршок ќе информира Советот, кој ќе постапи согласно законските овластувања“.
