ВИДЕО Погледнете снимка од гаражата на Асад со повеќе од 40 луксузни автомобили

Десетици луксузни автомобили се пронајдени во гаражата на соборениот сириски диктатор Башар ал Асад.

Откако сириските бунтовници го соборија претседателот Башар ал Асад , а тој и неговото семејство избегаа од земјата во Русија, каде што доби политички азил, на социјалните мрежи се појавија видеа од неговата гаража. Поконкретно, огромен магацин на луксузни автомобили.


CNN пишува дека на снимката се гледаат повеќе од 40 луксузни автомобили вредни десетици милиони евра. Меѓу нив е и Ferrari F50 чија цена е повеќе од три милиони долари. Во гаражата се и Lamborghini, Rolls-Royce и Bentley.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното