Полицијата упадна во играчница во скопската населба Гази Баба во сопственост на Р.К.
Тој набавувал кокаин, хероин и марихуана и потоа ги препакувал и ги препродавал по цена од 3000 денари за пакување кокаин, од 600 до 1000 денари за пакување хероин и 600 денари за пакување марихуана. Р.К. продавал дрога на поголем број лица.
Во деловниот објект се пронајдени 21 компјутери со монитори и гејмерска опрема, разновидна компјутерска опрема вредна околу 120.000 евра, за кои постои сомнение дека се купени од парите од продажба на дрога.
Претходно Р.К бил осуден и издржал казна затвор од 15 години за продажба на дрога.