Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во последните две децении оставија трага на уништување од Романија до Полска, со кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили …
Ова ги остава властите и луѓето со сметки за штети кои ќе се мерат во милијарди долари, наведува Ројтерс.
Градовите јужно од Вроцлав во Полска, како што е Левин Бежески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите, принудувајќи ги жителите да се движат низ улиците во вода до половината или да бараат засолниште на покривите на влезовите на станбените блокови.
„Не паничете, тие се тука да помогнат“
Германија им дојде на помош на Полјаците. Тоа беше можност за момент на хумор во инаку незавидна ситуација.
Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите. „Ако видите германски војници, не паничете. Тие дојдоа да помогнат“, рече тој.