Свет

ВИДЕО Поплави во Франција и Велика Британија: Затворени патишта, училишта

ВИДЕО Поплави во Франција и Велика Британија: Затворени патишта, училишта

Во делови од Велика Британија наврнаа големи количества дожд. Агенцијата за животна средина ги предупреди сите внимателно да го планираат своето патување. Во сила се жолтите и портокаловите временски предупредувања.

Поплави поради обилните дождови зафатија делови од Велика Британија. Многу патишта и училишта беа затворени по обилните дождови кои паднаа во текот на ноќта од неделата кон понеделникот. Временските прогнози предвидуваат нови врнежи од дожд вечерва.

Метеоролошката служба ги активираше портокаловите и жолтите временски предупредувања во Англија и Велс – во Кент, Сари и Сасекс, како и во Глостершир, Лондон, Нортхемптоншир, Оксфордшир и на истокот на земјата. Жителите на најмалку 45 куќи од тие области се евакуирани.

„Ги повикуваме луѓето внимателно да ги планираат своите патувања, да ги следат советите на локалните служби за итни случаи на патиштата и да не возат низ вода од поплави – таа често е подлабока отколку што изгледа и само 30 сантиметри проточна вода е доволна за да го исплива вашиот автомобил. “, предупреди Сара Кук, дежурен шеф на Агенцијата за животна средина и поплави.

Од неделата во Хертфордшир се пријавени 260 поплави. Возовите низ земјава продолжуваат да доцнат. Сообраќајот е генерално отежнат.

Поплавата предизвика хаос и во лондонското метро во неделата.

Оштетено е и тениското игралиште на стадионот Вимбелдон, каде поради дождот настана дупка.

Натпреварот од третото коло на Карабао купот на стадионот „Чери Ред Рекордс“ меѓу АФЦ Вимблдон и Њукасл е одложен.

Анелиз Додс, пратеник од Лабуристичката партија за Источен Оксфорд и државен министер за развој, им се заблагодари на службите за итни случаи во нејзината локална област за справувањето со поплавите.

Обилните врнежи предизвикаа поплави во Кан, Франција, а градската управа на социјалната мрежа Х соопшти дека во тек е силно невреме, повремено придружено со град.

Ги повикуваат сите граѓани да внимаваат додека патуваат, бидејќи многу улици се поплавени, меѓу кои и Мимон. Додаваат дека е забележана штета во некои подруми и продавници, но нема жртви.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни