Македонија

ВИДЕО Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов спроведен во Кривичен суд, Ковачевски во бегство

ВИДЕО Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов спроведен во Кривичен суд, Ковачевски во бегство

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, денеска беше спроведен во Кривичниот суд со лисици на рацете. Тој е еден од вкупно 23 осомничени за криминал поврзан со Електраните на Македонија, тежок 6,5 милиони евра.

Според Обвинителството, главниот осомничен во случајот е Васко Ковачевски, исто така поранешен директор на ЕСМ, кој е недостапен за органите на прогонот. Според информации, тој се наоѓа во Виена, Австрија, каде што е во бегство.

Македонските власти изразија надеж за брза и експресна екстрадиција на Ковачевски, за кој се бара одговорност за овој голем криминален случај. Истрагата опфаќа 23 лица, а обвинителството продолжува со постапките за целосно расчистување на случајот.

Приведен екс директорот на ЕСМ – откако дознал дека е баран, се вратил во Македонија!

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни