Македонија

ВИДЕО Повторно активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување – Ангелов со апел: Евакуирајте се доколку во близина имате пожар!

ВИДЕО Повторно активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување – Ангелов со апел: Евакуирајте се доколку во близина имате пожар!

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска во видео обраќање истакна дека по 30-те пожари низ Македонија, повторно е активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување.

Тоа значи дека наскоро ни доаѓа помош во справувањето со пожарите.

Ангелов упати и апел до граѓаните за итна евакуација кои доколку во близина имаат пожар. Како што вели, да не чекаат туку сами веднаш да се оддалечат на безбедно.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни