Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов потврди дека повторно избувнал пожар на депонијата меѓу Шуто Оризари и Визбегово во Скопје.

Како што информира Ангелов, надлежните служби веднаш излегле на терен и се преземаат мерки за справување со пожарот и негово ставање под контрола.
Се вчитува...

Во меѓувреме, над главниот град се шири густ црн чад кој е видлив од повеќе делови на Скопје. Ситуацијата се следи, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
