Македонија

ВИДЕО Повторно пожар во депонијата во Визбегово

ВИДЕО Повторно пожар во депонијата во Визбегово

Утрово повторно избувна пожар во депонијата во скопското Визбегово. Густ чад и непријатна миризба се шират во околината, а жителите се жалат дека секојдневно се соочуваат со загаден воздух и опасност по здравјето.

Причините за пожарот засега не се познати.

Жителите апелираат до надлежните институции итно да најдат трајно решение за проблемот со дивата депонија, кој постојано се повторува и сериозно го загрозува квалитетот на живот во овој дел од Скопје.

Повеќе информации се очекуваат од надлежните во текот на денот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни