Нов пожар избувна денеска во Скопје, зафаќајќи го големиот празен простор со сува трева помеѓу општините Кисела Вода и Аеродром, во близина на пругите.
Жителите се жалат на силна и миризба која се шири од опожарената површина.
Оваа локација е позната како често жариште за пожари, при што речиси секоја година, во летниот период, доаѓа до палење.
Причините за денешниот пожар засега не се познати, а екипите на противпожарната бригада се на терен и работат на негово гаснење.