Македонија

ВИДЕО Пожари во Валандово и Дојран – пожарникарите на терен, МВР испраќа хеликоптер!

ВИДЕО Пожари во Валандово и Дојран – пожарникарите на терен, МВР испраќа хеликоптер!

Пожар кај с. Марвинци во Валандово, гори сува трева и ниска грмушка, информираат од ЦУК.

На терен интервенира Територијалната противпожарна единица Валандово со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.

Пожар кај с. Фурка во Дојран гори сува трева и ниска грмушка. На терен се излезени:

ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возило и тројца пожарникари

ДППД Дојран со едно противпожарно возило и тројца пожарникари

Центарот за управување со кризи (ЦУК) процесуираше барање до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за воздушна поддршка при гаснење на пожарот.

МВР ќе упати хеликоптер за интервенирање од воздух.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни