Силна бура вчера погоди неколку делови од Србија, предизвикувајќи голема штета.
Дрвја паѓаа, возила се превртуваа, а најлоша беше ситуацијата во Пожаревац, каде што ветерот корнеше дрвја и однесе покриви. Хаосот не го заобиколи ниту Велико Градиште.
Видео од ресторан во Велико Градиште покажува колку силно бурата го погоди ова место во источна Србија.
Како што може да се види на видеото, силната бура целосно ја откорна тендата на овој ресторан и ја уништи градината.
Сцената изгледаше како ураган.
За среќа, нема повредени, но материјалната штета низ целиот град е голема, пишува на Инстаграм страницата 192.
