Македонија

ВИДЕО Први детали за превртениот автомобил на автопатот Демир Капија – Гевгелија

ВИДЕО Први детали за превртениот автомобил на автопатот Демир Капија – Гевгелија

Министерството за внатрешни работи утрово за 4NEWS.mk ги соопшти првичните детали за несреќата која се случи на автопатот Демир Капија-Гевгелија.

„Денеска околу 08.20 во СВР Струмица е пријавено дека на автопатот А1 после тунелите кон клучка Миравци, патничко возило „цитроен Ц5“ со босански национални ознаки, излегло од коловозот, удрило во заштитната ограда и се превртело на патот. Лицата од возилото се пренесени во медицинска установа, но досега не се пријавени констатирани повреди. Увидот е во тек“, велат од МВР.

Видео: Локално

ВИДЕО Тешка сообраќајка на автопатот Демир Капија-Гевгелија, автомобил превртен на кров…

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни