Македонија

ВИДЕО Први снимки од местото на трагедијата во Тетово: Убиен маж во автомобил!

ВИДЕО Први снимки од местото на трагедијата во Тетово: Убиен маж во автомобил!

Голем број граѓани се собраа на местото каде што попладнево се случи убиството во Тетово, јавува репортерот на 4NEWS.mk од терен.

Според репортерот, мажот е застрелан додека се наоѓал во автомобилот, преку стаклата.

На лице место може да се видат и чаури на земјата.

Жртвата сè уште е во возилото, а причините за нападот и идентитетот на убиецот засега не се познати.

На местото се присутни и дел од семејството на убиениот, а полицијата врши увид и собира докази. Расветлувањето на случајот е во тек, а граѓаните се повикуваат да соработуваат со органите на редот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни