Македонија

ВИДЕО: Први снимки од Цетиње, познат идентитетот на загинатите!

ВИДЕО: Први снимки од Цетиње, познат идентитетот на загинатите!

Во Цетиње денеска нешто по 9 часот експлодирала бомба пред влезот на Спортскиот центар, а како што пренесуваат тамошните медиуми во таа прилика загинале две лица.

Според сознанијата на локалните новинари, станува збор за членови на криминалниот клан Петар Калуѓеровиќ и Драган Рогановиќ, лица блиски до кланот Шкалјар.

Во овој инцидент покрај двајцата загинати, повредени се и три лица, а нивната поврзаност со загинатите и споменатиот криминален клан не е потврдена.

Од силината на експлозијата искршени се стаклата на зградата на Спортскиот центар и откорнато дрво.

Полицијата е на терен и врши увид.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни