Свет

ВИДЕО Сириските бунтовници влегоа во претседателската палата во Дамаск

ВИДЕО Сириските бунтовници влегоа во претседателската палата во Дамаск

Сириските бунтовници рано утринава влегле во претседателската палата во Дамаск, извикувајќи „Господ е најголем!“, изјавија очевидци за ДПА.

Еден жител на областа рече: „Видовме како вооружени борци влегуваат низ портите на палатата Палатата се нарекува Народна палата и се наоѓа во областа Мезех во западниот дел на Дамаск“.

Видеата на социјалните мрежи ги покажаа и бунтовниците во дворот на палатата и пред нејзините порти.

Непосредно пред тоа сирискиот претседател Башар ал Асад побегна од Дамаск. Бунтовниците влегле во палатата очигледно без отпор.

Од палатата имаше извештаи дека владините претставници и безбедносните сили го напуштиле местото, забележа ДПА.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни