Поврзи се

Македонија

ВИДЕО: Скопјанец направи електрично фиќо, 100 километри со три часа полнење

Овие возила не можете да ги видите често во сообраќај. Легендарниот автомобил Фиќо оживеа повторно во оваа гаража. Освен убавиот изглед од надвор, овој автомобил има електричен мотор. Всушност, ова е првото електрично Фиќо во земјава. Целокупниот процес започнува од скелетот на автомобилот, со што се реставрираат сите делови.

„Пред да стигнеме до оваа фаза, ние купуваме стари автомобили Фиќо. Потоа ги демонтираме до последното делче. Да можеме да го видиме автомобилот, еве како што гледате прозорците се отстранети, моторот и се друго, за да видиме што недостасува и да го замениме тоа со друг дел. Ги фарбаме и потоа следи другата фаза кога се поставува моторот и другите делови“, рече Јегени.

За овој електричен мотор, со моќност од 20кв, според Ален потребна е безбедна батерија како оваа ЛИ ФЕ ПО, која е најиздржлива. Капацитетот на батериите е 10,2кв со номинална моќност од 102в, а капацитетот за полнење е 3кв. За да се наполни батеријата, потребни се три и пол часа а со едно полнење може да се поминат 100 км.

„Германската фабрика Кеслер, за среќа дојде и во Македонија и добивме шанса овој електричен автомобил да добие налепница дека е произведен во Македонија”, рече Јегени.

Идејата за овој проект е на Милорад Китановски кој што раскажува за повторното оживување на оваа марка автомобил.

Идејата на екипата на ББ Класик Кар ја поддржаа неколку специјализирани компании и Фондот за иновации и технолошки развој. Проектот е поддржан и поради начелата за зелена економија. Проследен е со постојана едукација и специјализација на актуелните вработени како и на идните. Застава 750 позната како Фиќо е најмалиот автомобил произведен во поранешна Југославија.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com