Извештајот за напредокот на Македонија, изготвен од европратеникот Томас Вајц, беше разгледан синоќа на пленарната седница во Стразбур. Во дебатата учествуваа бројни европратеници, меѓу кои и самиот Вајц, како и повеќе претставници од Бугарија.
Особено внимание предизвика словенечката европратеничка Ирена Јовева, која се обрати на македонски јазик. Таа директно им се обрати на бугарските европратеници со зборовите:
„За да постои македонскиот народ, не му треба ваша дозвола. Но, за да го признаете тоа, вам ви треба чесност, интегритет и храброст. Знам.“